Thursday, August 7, 2008

"ИЗГУБЕНО ПОРТМОНЕ"

ЧЕСНИ ЛУЃЕ

Господинот Петар Лековски е активен пензионер, кој секојдневно си подработнува на викендицата во Кадино село. Пред неколку денови, собрал сливи и друго овошје, па на враќање за дома, посетил пријатели во Аеродром и ги почестил со нектарски убавини. Кога стигнал во станот видел дека му го нема портмонето... Се обидувал да се присети каде го оставил, за на крај да сфати дека му бил во џебот од панталоните и дека сигурно му паднал по пат... Во портмонето имал 17.000 денари, лична карта, други документи и сметки... Од нервоза му се стемнило...Госпоѓата што го нашла портмонето се вика Габриела Капачева. Таа е докторка во Клинички, млада сопруга и мајка на мало детенце. Додека шетала со своето гулапче, го нашла портмонето, веднаш се вратила дома и на информации го побарала бројот на Лековски, по што договорила средба и му го вратила паричникот. Има ли поубаво чувство од тоа да бидеме луѓе, а не злобници и крадливци на туѓа среќа. Нема!

Взето назаем от ТУК

No comments: